Турските сили неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и Сирија

September 15, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и Сирија, во близина на турската граница, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

Турските вооружени сили неутрализираа двајца терористи на ПКК/ЈПГ во регионот на операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија и уште еден терорист во зоната на операцијата „Канџа-катанец“ во северен Ирак, додаде Министерството.

Терористите често се кријат во северен Ирак, веднаш преку турската граница, каде планираат терористички напади во Туркије.

Анкара започна три успешни антитерористички операции од 2016 година преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ ( 2019). Терористите на ПКК/ЈПГ имаат обиди за таргетирање на турските војници и да го тероризираат локалното население.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голема трагедија: Загина Лука Салвадори

Следно

Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи и тоа мора да се смени

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop