Турските сили неутрализираа најмалку 11 терористи на ПКК во северен Ирак и Сирија

March 10, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 11 припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во антитерористичките операции што Турските вооружени сили ги спроведуваат во пограничните региони во северниот дел на Ирак и во Сирија, известува Анадолу.

Министерството за одбрана на Туркије соопшти дека 10 терористи на ПКК се неутрализирани во северен Ирак, а еден терорист на ПКК/ЈПГ во северна Сирија.

„Нема безбедно место за терористите“, објави турското министерство за одбрана на социјалните мрежи.

ПКК е сепаратистичка терористичка организација што се наоѓа на листата на терористички групи во Туркије, Европската унија и САД. Во текот на својата повеќедецениска терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

Планинските региони Кандил, Газа, Метина, Авасин-Басјан, Хакурк, Џап и Хафтанин се наоѓаат во северен Ирак и претставуваат главни центри на терористичката организација ПКК. Во северна Сирија дејствува ЈПГ, кој е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Експлозија на бомба среде пат одзеде два животи во Пакистан, повредено едно лице

Следно

Трибина на тутунарите во Прилеп: Не се прифаќаат цените во новите договори, се бара медијаторство од Министерството за земјоделство

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop