Турските сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во северен Ирак

January 5, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во северен Ирак, објави денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

Според Министерството, терористите биле цел во зоната на операцијата „Канџа-катанец“.

„Продолжуваме ефикасно и решително да се бориме против тероризмот од неговиот извор“, соопшти Министерството на X.

Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ во април 2022 година, а како цел беа засолништата на терористичката организација ПКК во регионите Метина, Зап и Авасин-Басјан во северен Ирак, лоцирани во близина на турската граница.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и стари лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Известување 05.1.2024

Следно

СПМ со поддршка до Синдикатот на контролорите: Со надеж дека ќе преовладее разумот и правдата

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и
Go toTop