Турските сили неутрализираа двајца терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак

July 1, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските сили неутрализираа двајца терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

Турските вооружени сили открија и неутрализираа двајца терористи на ПКК/ЈПГ во операцијата „Канџа-катанец“ во северен Ирак, соопшти Министерството.

„Нашите херојски Турски вооружени сили продолжуваат да го уништуваат тероризмот во неговиот извор со непрекинати операции“, се додава.

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

Терористите често се кријат во северен Ирак, веднаш преку турската граница, за да планираат терористички напади во Туркије.

Туркије во 2022 година ја започна операцијата „Канџа-катанец“ на која цел ѝ беа засолништата на терористичката организација ПКК во северниот ирачки региони Метина, Зап и Авашин-Басјан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протести низ Франција против победата на крајната десница на предвремените парламентарни избори

Следно

Бомпард: Maкрон не е во позиција да повикува на собирање околу себе

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop