Турските сили неутрализираа четворица терористи на ПКК во Северен Ирак

February 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа четворица терористи на терористичката организација ПКК во Северен Ирак, соопшти Министерството за национална одбрана на Туркије, пренесува Анадолу.

Терористите биле таргетирани во воздушен напад во северниот дел на ирачкиот регион Асос, соопшти Министерството на социјалната платформа X, објавувајќи и снимки од операцијата.

„Нашите операции ќе продолжат со одлучност“, додаваат од Министерството.

Турските власти го користат терминот „неутрализирање“ за да имплицираат дека терористите се предале или биле убиени или заробени.

Терористичката организација ПКК често се крие во Северен Ирак, веднаш преку јужната граница на Туркије, за да планира терористички напади во Туркије.

Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и бебиња.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Напад со руски дронови во Украина, повеќе од 40 000 луѓе без струја

Следно

Стабилно и топло за викендот и наредната недела

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите
Go toTop