Турските сили неутрализираа 9 терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија

January 13, 2024
1 min read

Турските безбедносни сили неутрализираа девет терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ во северна Сирија, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение објавено на социјалната платформа X ја потврди турското Министерство за национална одбрана.

„Ова се случи кога 12 терористи се обидоа да се инфилтрираат во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот“, соопшти Министерството.

„Синоќа, терористите кои се подготвуваа за напад и се обидоа да се инфилтрираат во зоната каде беше реализирана операцијата Извор на мирот, беа интервенирани, и девет терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани“, се додава во соопштението.

Турските власти го користат терминот „неутрализирање“ за да имплицираат дека терористите се предале или биле убиени или заробени.

Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно населување на жителите: Штитот на Еуфрат (2016), Маслинова гранка (2018) и Извор на мирот (2019).

Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени деца и бебиња.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мексико: Пронајдени 10 безживотни тела во скриена јама

Следно

Неделковски: Стефковски вети акциски план за намалување на аерозагадувањето  за 2022 година, во 2024 се уште не е реализиран

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop