Турските сили неутрализираа 9 терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и Сирија

January 12, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа вкупно девет терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

Тројца терористи на ПКК се таргетирани во зоната на операцијата „Канџа-катанец“ и регионот Метина во северен Ирак, соопшти Министерството на Х.

Се додава дека другите шест терористи биле цел во зоните на антитерористичките операции „Штитот на Еуфрат“ и „Извор на мирот“ во северна Сирија.

Министерството ја повтори својата одлучност за елиминирање на тероризмот од неговиот извор.

Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Туркије.

Туркије во 2022 година ја започна операцијата „Канџа-катанец“ против засолништата на терористичката организација во северниот дел на Ирак, во регионите Метина, Зап и Авашин-Басјан.

Во северна Сирија, Анкара започна три успешни антитерористички операции од 2016 година за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои деца, жени и постари лица. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефицата за надворешна политика на ЕУ: Ублажувањето на санкциите за Сирија на агендата на ЕУ

Следно

Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад

Latest from Blog

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше

Димовска: Условната осуда со надзор не значи дека сторителот останал неказнет

Пробацијата не претставува привилегија или неказнивост, туку начин на извршување санкција под надзор, со цел осуденото лице да се ресоцијализира. Ова го порача претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, во
Go toTop