Турските сили неутрализираа 12 терористи на ПКК во северен Ирак

May 15, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа 12 терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Анадолу.

Терористите беа цел на воздушна операција во регионите Гара и Хакурк, соопшти Министерството преку Х, и додаде: „Ќе продолжиме со континуирани операции додека не го истребиме и последниот терорист во регионот“.

ПКК е позната по тоа што го користи северен Ирак, во близина на турската граница, како засолниште за планирање терористички напади врз Туркије.

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ го повика Израел „веднаш да ја прекине воената операција во Рафа“

Следно

Како животот да ми беше лага – битката на Мирјана од дома до Стразбур

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop