Турските сили неутрализираа 10 терористи на ПКК во северен Ирак

January 21, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа 10 терористи на ПКК во северен Ирак, објави денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

Во областа на операцијата „Канџа-катанец“ во северен Ирак, во воздушна операција неутрализирани се 10 терористи на ПКК, се вели во соопштението на Министерството на платформата Х.

„Нашите херојски Турски вооружени сили продолжуваат да ги уништуваат засолништата на терористите со нивните челични канџи“, се додава.

Министерството, исто така, ја изрази решеноста на Туркије во елиминирањето на терористите.

Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ во април 2022 година за таргетирање на засолништата на терористичката организација ПКК во северните ирачки региони Метина, Зап и Авашин-Басјан во близина на турската граница.

На тоа претходеа операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“, започнати во 2020 година за искоренување на терористите кои се кријат во северен Ирак и планираат прекугранични напади во Туркије.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучително бебиња, деца и жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Америка под мраз: Најмалку 83 луѓе ги загубија животите

Следно

Илјадници Израелци во Тел Авив бараа заминување на Нетанјаху – тој војува само за да остане на власт

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop