Турските разузнавачи и полицијата приведоа седуммина осомничени за продажба на информации на Мосад

March 5, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во заедничка операција на Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ) и Полициската управа во Истанбул приведени се седум лица за кои е откриено дека ѝ продавале доверливи информации на израелската разузнавачка служба МОСАД, јавува Анадолу.

Еден од осомничените фатени во заедничката операција беше идентификуван како Хамза Турхан Ајберк, поранешен државен службеник и приватен детектив.

Мосад контактираше со Ајберк преку оперативец со кодно име Викторија, изјавија изворите што побараа анонимност поради ограничувањата за разговор со медиумите.

МИТ утврди дека Ајберк ѝ давал информации на израелската разузнавачка служба во замена за пари, велат тие.

Утврдено е дека тој формирал тим од луѓе, вклучително и јавни службеници, за давање информации на Мосад, а исто така било откриено дека собирал информации за поединци и компании од Блискиот Исток во Туркије врз основа на упатствата што ги добил, додаваат изворите.

– Тајни апликации за комуникација

Ајбер бил обучен од Мосад во Белград во 2019 година, а израелската тајна служба првпат го користела за едноставни работи, велат изворите.

Додека користел тајни комуникациски апликации под раководство на Мосад, добивал и плаќања во криптовалути за да не бидат вклучени во официјалните записи, велат тие.

Покрај протекувањето на информации, Ајберк се занимавал и со закани и активности за надзор.

Ајберк ги доставувал локациите на своите цели до Мосад преку уред за следење што го ставал на нивните возила, ги малтретирал и повремено им упатувал закани, велат изворите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Снежен бран го зафати Пакистан, загинати најмалку 35 лица

Следно

Снегот во дебарско не создава проблеми во одвивањето на патниот сообраќај, но е потребна внимателност

Latest from Blog

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53
Go toTop