Турските пожарникари се бореле со 306 пожари во последните четири дена

August 20, 2024
1 min read

Турските противпожарни служби реагираа на 306 шумски и градски пожари во изминатите четири дена, при што успешно изгаснаа 304 од нив, соопшти вчера турската Дирекција за комуникации.

Борбата против шумските пожари продолжува во повеќе области во земјата, со значителни напори насочени кон пожарите во окрузите Измир и Мугла.

Во областа Мендерес во округот Измир, екипи гаснат пожар што почнал пред два дена во шумска област. Против пожарот се насочени значителни сили и од воздушни и од копнени екипи. Во гаснењето на пожарот учествувале пет авиони и осум хеликоптери.

Воздушните и копнените противпожарни екипи се активни и во областите Јатаган и Ула во округот Мугла. Во текот на ноќта таму биле активирани три хеликоптери опремени со опрема за ноќно гледање, а против пожарот во Ула работи и амфибиски авион од Азербејџан кој извршил 12 летови и фрлил 114 тони вода врз огнот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Светскиот ден на хуманитарната помош Туркије апелираше Израел да се повика на одговорност

Следно

Екипи на Македонија пат на терен по појавата на одрони на магистралата А3

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop