Турскиот заменик-министер за надворешни работи ја осуди Владата на Нетанјаху за регионален хаос

August 8, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Заменик-министерот за надворешни работи на Туркије, Нух Јилмаз, остро ја осуди Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за регионалниот хаос, нарекувајќи ја екстремистичка и расистичка, јавува Анадолу.

За време на состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Џеда синоќа, Јилмаз ја обвини администрацијата на Нетанјаху дека е екстремистичка и расистичка, велејќи дека намерно го фрлила регионот во хаос поради политичка корист. Тој како пример го посочи атентатот на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, наведувајќи дека овој чин ги поткопал напорите за мир.

Јилмаз изрази сочувство за Ханије, кој беше убиен во Иран на 31 јули, при што го осуди убиството како бесрамен чин што го нарушува иранскиот суверенитет.

Тој нагласи дека акциите на Израел го провоцираат регионот и го загрозуваат кревкиот меѓународен поредок. Јилмаз, исто така, ја повтори поддршката на Туркије за палестинскиот отпор и нагласи дека палестинската кауза останува силна и покрај континуираната агресија.

Истакнувајќи ја тековната израелска окупација на палестинските територии, Јилмаз инсистираше дека вистинскиот мир на Блискиот Исток може да се постигне само со ставање крај на оваа окупација и спроведување на дводржавното решение засновано врз границите од 1967 година.

Тој го критикуваше израелското отфрлање на меѓународните повици за прекин на огнот во Газа и хуманитарна помош, истакнувајќи дека израелскиот Парламент неодамна усвоил закони со кои не се прифаќа формирање палестинска држава и Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) се прогласува за терористичка организација.

Јилмаз предупреди дека ако Израел не биде воздржан, Нетанјаху може да го прошири конфликтот, што ќе доведе до тешки последици за регионот и пошироко. Тој, исто така, ја критикуваше меѓународната заедница, особено ОН, за неуспехот да го спречи крвопролевањето и ги осуди членовите на американскиот Конгрес што му аплаудираа на Нетанјаху, прашувајќи се дали го поздравуваат геноцидот.

На крајот тој ја нагласи потребата од зголемен притисок врз Израел и неговите сојузници за да се постигне правда за Палестина и повика на континуирана меѓународна поддршка за палестинската кауза.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија разнесе палестинска куќа на југот на Западниот Брег

Следно

Исламските земји одржаа итна седница, сите погледи вперени кон Техеран

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop