Турскиот воен брод „ТЏГ Анадолу“ отворен за посетителите во Измир

May 3, 2023
1 min read

ИЗМИР (АА) – Најголемиот турски воен брод „ТЏГ Анадолу“, од домашно, турско, производство, денес е отворен за посетителите во пристаништето Алсанџак во Измир, јавува Анадолу.

Почнувајќи со работа на 10 април, бродот беше отворен за посетителите и во пристаништето Сарајбурну во Истанбул на 17 април, каде што беа пречекани 140.055 посетители.

На бродот се изложени и поновите производи на турската одбранбена индустрија, меѓу кои и првиот турски борбен авион без екипаж „Кизилелма“, беспилотното борбено летало „Бајрактар ТБ3“ и новиот тенк „Алтај“.

„ТЏГ Анадолу“, изграден во бродоградилиштето Седеф во Истанбул, е долг 230 метри и широк 32 метра и има површина од 9.200 квадратни метри.

На бродот истовремено може да слетуваат и полетуваат шест хеликоптери, додека беспилотните борбени летала може да се распоредат и на палубата за летање.

Бродот, со целосно опремена болница и две операциони сали, може да прими околу 1.200 вработени.

Има капацитет да носи 13 тенка, 27 поморски јуришни возила, шест оклопни транспортери, 15 приколки и 33 различни возила.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

РАСПРОДАДЕНО Е ОТВОРАЊЕТО НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ СО ПРЕМИЕРАТА НА „НАБУКО“

Следно

Обвинителството од Белград: Момчето не може кривично да одговара, нема наполнето 14 години

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop