Турскиот театар премиерно со театарската претстава „Амадеус“ вечерва на „Охридско лето“

July 23, 2025
2 mins read

Во рамки на драмскиот дел на „Охридско лето“ вечерва премиерно ќе биде изведена драмата „Амадеус“ на авторот Петер Шафер, режија на Андреј Цветановски, а во изведба на Националата установа „Турски театар“ од Скопје.

Режисерот Цветановски за претставата вели дека талентот како категорија се оценува и проценува низ текот на историјата и претставува вредна особина на една личност. Иако тоа е категорија која е субјективна и лична, вистинскиот квалитет не може да се оспори, ако не веднаш, тогаш после времето на личноста која ги создава делата. Може да се каже дека талентот е неоспорна константа имуна на абеж од времето. Генијалноста на еден човек во едно поле, не може да се сокрие, заради малиот број на универзално прифатени генијалци.

„Во полето на музиката, еден од малкуте кои го задолжиле човештвото со своите композиции и оставиле печат на своето време е Волфганг Амадеус Моцарт. Но не и признание од своите современици. Освен од еден. Антонио Салиери, неговиот вечен непријател, е единствениот човек кој ја препознава неговата генијалност. И заради таа генијалност, тој станува негов најголем непријател. Салиери, го носи проклетсвото да ја познава музиката толку добро да може да го препознае божественото во Моцарт, но никогаш да не создаде нешто толку совршено.
Талентот и разумот  не се сврзани еден со друг и не се развиваат секогаш заедно и не треба да се бараат заедно. Во целиот обид на претставување на тоа е и нашата работа во оваа претстава и славење на талентот и разумот како два различни принципи. Борбата на овие две работи е вечна и универзална“, вели тој.

Андреј Цветановски е македонски режисер, кој во своето творештво најчесто се занимава со класичната светска драматургија, но и дела од македонски автори. Неговата режисерска визија е визуелна и со намера да создаде ново читање на класичните приказни.

Дипломира на Универзитетот ЕСРА Париз-Скопје-Њуjорк во 2010 година со претставата „Салиери“ по текстот „Амадеус“ од Питер Шефер. На истиот факултет магистрирал во 2018 година со претставата „Сон на летната ноќ“ и тезата на тема „Адаптација на други дела од Вилијам Шекспир во Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир. По дипломирањето, од 2010 година е ангажиран како демонстратор по предметите Театарска режија и Глума, а подоцна станува асистент на проф. Дејан Пројковски.

Од 2013 до 2017 година беше уметнички директор на Театар Комедија. Во тој период од четири години, Театарот Комедија со својот разновиден репертоар се етаблира како најпосетуван театар во Македонија, а својата уметничка вредност ја потврди со учество и награди на повеќе национални и меѓународни фестивали.

Цветановски во својот опус има 40-ина претстави, различни по жанр и естетика, но слични во идејата да се создаде ново читање на класиката и да се инсистира на визуелната компонента на претставата во целина. Неговите претстави учествуваат на фестивали и гостувања во Македонија, како и во Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија и Русија, каде што постигнуваат успех и признанија.
Освен работата во скоро сите македонски театри, тој многу често, во последните години, работи и во регионот, најчесто во Србија.

Улогите во претставата ги толкува бројна актерска екипа со Селпин Ќерим, Јеткин Сезаир, Слаѓана Вујошевиќ, Аксел Мехмет, Џенап Самет, Бурханедин Ибрахим, Емине Халил, Озан Илдриз и Игбал Саидова.

Претставата ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бесант: Приходите од царини се речиси 100 милијарди долари

Следно

Продолжува енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода – Водовод со апел до граѓаните

Latest from Blog

Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки

Николоски најави – Штип ќе стане туристички центар со ново вештачко езеро

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку

Николоски: Прво туристичко вештачко езеро за Штип и источниот регион

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни
Go toTop