Турскиот производител на дронови „Бајкар“ и италијанскиот одбранбен гигант „Леонардо“ потпишаа договор за соработка

March 6, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Водечкиот турски производител на беспилотни летала „Бајкар технолоџис“ и италијанскиот одбранбен гигант „Леонардо“ денес потпишаа договор за партнерство во областа на беспилотните технологии, јавува Анадолу.

Договорот беше потпишан во седиштето на „Леонардо“ во Рим од страна на извршниот директор на „Леонардо“, Роберто Чинголани, претседателот на „Бајкар“, Селчук Бајрактар, и извршниот директор на компанијата, Халук Бајрактар.

„Водевме интензивни преговори со месеци. Веќе соработувавме со ‘Леонардо’ и има системи што ги интегриравме заедно“, изјави Селчук Бајрактар.

„Нашата соработка веќе постоеше, но во последните месеци се разви извонредна хемија и синергија“, додаде тој.

Нагласувајќи дека двете компании имаат комплементарни карактеристики, Бајрактар рече: „Можеме заеднички да создадеме најдобри системи. Им благодариме за соработката и сме многу среќни што го започнуваме ова наше патување.“

Извршниот директор на „Леонардо“, Роберто Чинголани, истакна дека потпишувањето на меморандумот за разбирање со „Бајкар“ е многу значаен момент.

„Со колегите од ‘Бајкар’ идентификувавме важни темели за соработка“, рече тој, додавајќи дека ова партнерство е резултат на петмесечна интензивна работа.

„Ова е одличен резултат“, нагласи Чинголани, посочувајќи дека договорот е предвиден за пет години, но со можност за подлабока соработка.

Тој исто така откри дека бил многу импресиониран од посетата на фабриките на „Бајкар“ во Истанбул, додавајќи дека компанијата има широко портфолио на беспилотни летала.

Во рамки на партнерството меѓу двете компании, производството ќе се одвива и во Туркије и во Италија.

„Бајкар“ и „Леонардо“ очекуваат пазарот на беспилотни летала во Европа да достигне 100 милијарди долари во следните 10 години.

Како производител на познатите борбени беспилотни летала „Бајкрактар ТБ2“ и „Акинџи“, „Бајкар технолоџис“ продолжува да ја проширува својата мрежа за соработка во Италија.

Во декември, „Бајкар“ ја презеде италијанската аеронаутичка компанија „Пиаџио“, а италијанското Министерство за претпријатија и „Made in Italy“ тогаш најавија можност за соработка меѓу „Бајкар“ и „Леонардо“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на Европскиот совет: Безбедноста на Европа и Украина се испреплетени

Следно

Медиуми: Трамп планира депортација на 240.000 Украинци

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop