Турскиот производител на дронови „Бајкар“ го заврши преземањето на италијанската компанија „Пијаџио Аероспејс“

July 1, 2025
3 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот производител на беспилотни летала „Бајкар“ ја финализираше аквизицијата на италијанската авијациска компанија „Пијаџио Аероспејс“, соопшти италијанското Министерство за претпријатија и „Мејд ин Итали“, јавува Анадолу.

Завршена е постапката со која се официјализира конечниот трансфер на корпоративните комплекси на ‘Пијаџио Аеро Индустрис’и ‘Пијаџои Авиејшн’ – двете компании кои работат под брендот ‘Пијаџио Аероспејс’ – на турската компанија ‘Бајкар’, со потпишување во Министерството за претпријатија и ‘Мејд ин Итали’,“ се наведува во соопштението.

Италијанскиот министер Адолфо Урсо изјави дека аквизицијата претставува „стратегиски чекор за повторно активирање на една од историските компании на италијанската авиоиндустрија со важен меѓународен инвеститор, чиј индустриски план создава значајни можности на пазарот на беспилотни летала, зајакнувајќи ја конкурентноста на италијанската и европската авиоиндустрија“.

„Оваа зделка има и дополнително значење бидејќи ја зајакнува пошироката соработка меѓу ‘Бајкар’ и ‘Леонардо’, што ќе овозможи Италија да биде клучен играч на европскиот пазар. Голема иднина за компанија со славно минато – симбол на ‘Мејд ин Итали’“, додаде Урсо.

Извршниот директор на „Бајкар“, Халук Бајрактар, изјави дека нивната цел е да го оживеат потенцијалот на „Пијаџио Аероспејс“ со амбициозна индустриска визија која ја почитува историјата на брендот, но и го насочува кон иднината.

„Имаме длабока почит за луѓето што со упорност ја одржуваа компанијата во живот дури и во најтешките времиња. Подготвени сме да работиме со нив за да создадеме нови можности, да ја поттикнеме иновацијата и да изградиме одржлива иднина“, изјави тој.

Претседателот на „Бајкар“ и технички директор, Селџук Бајрактар, истакна дека е „голема чест да се преземе одговорноста за иднината на ‘Пијаџио Аероспејс’ – симбол на италијанската иновација и извонредност“.

„Се стремиме кон долгорочен раст, подобрување на човечките ресурси и зајакнување на индустриското партнерство меѓу Турција и Италија, искористувајќи ги историјата и инженерскиот талент на ‘Пијаџио Аероспејс’. Компанијата има повеќе од еден век инженерска извонредност. На ова преземање не гледаме како на едноставна деловна трансакција, туку како можност да го подобриме наследството на ‘Пијаџио Аероспејс’ и да им дадеме нов импулс на дизајнерските и производствените капацитети на италијанската воздухопловна индустрија“, рече Бајрактар.

Тој додаде дека длабоко се посветени на зачувувањето на уникатниот идентитет нa „Пијаџио Аероспејс“, влевајќи му дух на извонредност што е единствен во светот на воздухопловството, а иновациите, безбедноста и перформансите се во согласност со моментните потреби на глобалниот пазар на цивилното воздухопловство.

Главни цели на развојниот план се повторно воведување на моделот P.180 Avanti EVO со модернизирана технологија, како и производство на Бајрактар Акинџи и Бајрактар ТБ2 беспилотни борбени летала во фабриките на „Пијаџио“.

Исто така, се планира основање на европски центар за одржување на авиони и мотори, со цел зачувување на историското наследство на „Пијаџио“ и јакнење на неговата стратегиска улога во европската индустрија.

„Бајкар“, кој од почетокот на својата работа на развој на системи за беспилотни летала во 2003 година остварува 83 отсто од приходите преку извоз, во 2023 година оствари продажба во вредност од 1,8 милијарди долари и стана една од десетте најголеми извозни компании во Турција.

Најголемата компанија на глобалниот извозен пазар на беспилотни летала го продолжи својот успех на глобално ниво во 2024 година и оствари извоз во вредност од 1,8 милијарди долари, генерирајќи 90 отсто од своите приходи од извоз.

Во 2023 и 2024 година „Бајкар“ ја доби наградата „Шампиони на извозот“ со рангирање меѓу десетте најдобри компании со најголем извоз во сите сектори во Турција и стана лидер во извозот во одбранбениот и воздухопловниот сектор во 2021, 2022, 2023 и 2024 година, според податоците од Секретаријатот за одбранбена индустрија и Собранието на извозници на Турција (ТИМ).

„Бајкар“, кој сам учествуваше со една третина од извозот на секторот во 2023 година, исто така, учествуваше со една четвртина во вкупниот извоз на одбранбениот и воздухопловниот сектор во 2024 година, што ја прави Турција лидер на глобалниот извозен пазар на беспилотни летала.

Најголемата светска компанија за беспилотни летала потпиша договори за извоз со 35 земји за Бајрактар ТБ2 и досега со 15 земји за Бајрактар Акинџи.

„Бајкар“ има потпишано договори за извоз на Бајрактар ТБ2 со 35 земји и за Бајрактар Акинџи со 15 земји.

Договорот за аквизиција на „Пијаџио Аероспејс“ првпат беше објавен минатиот декември.

„Бајкар“ го проширува своето присуство во Италија во последните месеци. Компанијата, исто така, потпиша договори за соработка со „Леонардо“, една од најголемите европски компании за воздухопловство и одбрана.

Двете компании, исто така, одлучија да основаат заедничко вложување наречено ЛБА Системс за производство на „беспилотни системи од следната генерација“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден од најдобрите англиски голгетери започнал преговори со Манчестер јунајтед!

Следно

Мицкоски: Со отворено срце и разум чекориме по европскиот пат, но се противиме на уцените кои не се дел од европските вредности

Latest from Blog

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БУГАРИЈА непосредно пред влезот во еврозоната на 1 јануари 2026

Бугарија се соочува со својата најтурбулентна недела во последниве години, бидејќи повеќе десетици илјади демонстранти, а по некои протести бројката достигнала 150.000, синоќа повторно ги исполнија улиците на Софија и повеќе од

САД гласаа против резолуцијата на ОН за Чернобил

Соединетите Американски Држави неочекувано гласаа вчера на Генералното собрание на ОН против резолуцијата за долгорочните последици од катастрофата во Чернобил. Овој потег го усогласува Вашингтон со Русија, Белорусија, Кина, Северна Кореја, Никарагва

Чорба од спанаќ и тиквици

Многу вкусна чорба, лесна и брза за подготовка Состојки: 1 праз, ситно исецкан 1 голем компир, исечен на коцки 2 средни тиквички исечени на коцки 200 грама свеж спанаќ 3 чаши зеленчукова

Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. – Добро е кога на крајот
Go toTop