Турскиот претседател за новиот устав: Преземање конкретни чекори без дополнително пролонгирање

May 15, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес рече дека Туркије ќе преземе конкретни чекори кон новиот устав без брзање и дополнително одложување, јавува Анадолу.

Говорејќи на состанокот на пратеничката група на АК Партијата во Анкара, Ердоган рече: „Ја гледаме користа во завршувањето на консултативните контакти без брзање, но не и со прекумерно пролонгирање и преземање конкретни чекори (кон новиот Устав).“

„Сметаме дека волјата за граѓански устав не треба да се жртвува на минливите дебати на дневната политика“, нагласи тој.

Додаде дека „за нас е важно да ги поддржиме напорите на нашиот претседател на Парламентот во прашањето за нов и граѓански устав“.

Во Туркије, „потребно е омекнување во политиката и, како и секогаш, ние го правиме и ќе го направиме нашиот дел во овој поглед. На крајот на краиштата, ние никогаш не сме биле и никогаш нема да бидеме на страната на поларизацијата и тензичноста предизвикана од фракционерството“, истакна Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин ја повтори подготвеноста на Русија за мировни преговори со Украина

Следно

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop