Турскиот претседател и унгарскиот премиер разговараа за билатералните односи и регионалните прашања

July 10, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера разговараа за билатералните односи и регионалните и глобални прашања, јавува Анадолу.

На состанокот зад затворени врати на маргините на самитот од лидерите на НАТО во Соединетите Американски Држави (САД), Ердоган му рече на Орбан дека Туркије продолжува со напорите да стави крај на руско-украинската војна и израелските напади на Појасот Газа, соопшти Директоратот за комуникации на Туркије.

Ердоган истакна дека меѓународната заедница треба да ги засили своите напори за обезбедување мир во овие региони.

Тој му рече на Орбан дека Анкара очекува поддршка за ревитализација на процесот за пристапување на Туркије во Европската Унија и подобрување на односите со Блокот за време на унгарското претседателство.

Односите меѓу Туркије и Унгарија беа подигнати на ниво на стратешко партнерство во 2013 година по формирањето на Советот за стратешка соработка на високо ниво. Пријателските врски во последниве години добија замав на сите полиња.

Во декември минатата година двете земји ја прославија 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британската полиција започна потрага откако три жени се пронајдени мртви во Хертфордшир

Следно

Саудиска Арабија ги предупреди Г7 да не ги пипаат руските пари

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop