Турскиот претседател ги поздрави извештаите за прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, повика на почитување на примирјето

June 24, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги поздрави извештаите за договорот за прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, повикувајќи ги двете страни целосно да го почитуваат примирјето, јавува Анадолу.

„Турција решително ќе го задржи својот принципиелен став што го почитува меѓународното право и ја има дипломатијата како приоритет“, рече Реџеп Таип Ердоган на аеродромот во Анкара пред неговата посета на Холандија за самитот на НАТО, осврнувајќи се на конфликтот меѓу Израел и Иран.

„Aпсолутно се неприфатливи несовесните постапки на Израел – почнувајќи од Палестина и продолжувајќи до Либан, Сирија, Јемен и на крајот до Иран“, рече турскиот претседател.

Ердоган нагласи дека регионот не може да го носи товарот на војната меѓу Израел и Иран и повика на давање шанса на дипломатијата за да се спречи понатамошна ескалација.

Тој, исто така, рече дека што е можно поскоро мора да се воспостави траен прекин на огнот во Газа, дека израелските напади треба да престанат и дека хуманитарната помош треба да биде дозволена без прекин.

„Глобалните актери мора да преземат ефикасни чекори за да стават крај на ова лудило, или нема да биде само нашиот регион, туку целиот свет тој што ќе ја плати цената“, рече Ердоган во врска со конфликтот на Блискиот Исток.

„Во меѓувреме, во НАТО, Турција се залага за фер распределба на товарот и зајакнување на европската безбедност“, истакна тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наполи почна преговори со Ливерпул за Дарвин Нуњез

Следно

Филипче за ТВ 24: Мицкоски доживеа дипломатски пораз, македонскиот јазик го затвори СДСМ

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на

Фирмата во Скопје, на уапсениот Србин за 5 тони марихуана, работела со загуби, а одгледувала канабис за медицински цели

Иван Драгниќ, еден од српските државјанин, кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија, за пет тони марихуана, а за кои сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во

По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026. -Правото на субвенциониран
Go toTop