Турскиот претседател Ердоган со порака по повод 110 години од Копнените битки кај Чанаккале

April 25, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес со порака ја одбележа 110-годишнината од Копнените битки кај Чанаккале, јавува Анадолу.

„Жртвите, храброста и решителноста на турската нација ни го доверија ‘Духот на Чанаккале’. Со прифаќањето на ова свето наследство, ќе останеме верни на нашите предци, ќе го одржиме духот жив без оглед на условите, и ќе го пренесеме на идните генерации“, рече Ердоган.

Турскиот претседател додаде дека исто како и во минатото, турската нација покажа, дури и под најтешките околности, дека ќе се обедини и ќе се спротивстави на секоја окупација по цена на својот живот заради својата татковина и знаме.

„Должноста на новите генерации е да ја одржат пораката за независност и иднина што беше врежана во камењата, почвата и морето на Чанаккале со крв, живот, одлучност и храброст. Со Столетието на Туркије, нашата цел е да бидеме достојни на нашите предци кои застанаа против најголемите сили на светот во Чанаккале, ги доведоа најсовремените армии од тоа време на колена и го променија текот на историјата“, додаде Ердоган во пораката.

„И покрај сите предизвици и потешкотии, ние остануваме одлучни да ја продолжиме оваа борба сè додека мирот, хармонијата и човечките вредности не ги заменат војната, тероризмот и насилството. Уште еднаш им оддавам почит на нашите херои од Чанаккале, особено Гази Мустафа Кемал (Ататурк), и им упатувам искрени желби на сите наши граѓани“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ: Се чувствува смената на генерации

Следно

„Mу велев да не пука во луѓе“

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop