Турскиот претседател Ердоган со највисоки државни почести пречекан во Србија

October 11, 2024
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со највисоки државни почести е пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, каде што допатува синоќа во официјална посета, јавува Анадолу.

Ердоган во Палатата Србија беше пречекан од српскиот претседател Вучиќ, а додека се интонираа националните химни на двете земји, беа истрелани 7 артилериски рафала.

Поздравувајќи ја почесната гарда, Ердоган и Вучиќ се ракуваа и се фотографираа пред претставниците на медиумите. Двајцата лидери потоа ги претставија своите делегации.

Ердоган и Вучиќ потоа влегоа во палатата на тет-а-тет средба.

Заедно со Ердоган, во посета на Србија допатува и неговата сопруга Емине Ердоган, како и придружната делегација составена од министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за млади и спорт Осман Ашкин Бак, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли, министерот за трговија Омер Болат, министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, шефот на Националната разузнавачка агенција, Ибрахим Калин, челникот на Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич, претседателот на Oдбранбени индустрии, Халук Ѓорѓун, и претседателот на Советот за високо образование проф. д-р. Ерол Озвар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ураганот во САД: Луѓето почнаа да се враќаат во своите домови по големите разурнувања

Следно

Филипче за 11 Октомври: Бевме на победничката страна во 1941 и во 1991 година, ќе бидеме и сега

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop