Турскиот претседател Ердоган: Размената на затвореници продолжува и покрај израелските провокации

February 3, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – И покрај тековните провокации од Израел, размената на затвореници и притвореници меѓу Израел и Хамас продолжува, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Во обраќањето по состанокот на Кабинетот, Ердоган рече дека за време на неговиот состанок со делегацијата на Хамас минатата недела ја повторил подготвеноста на Туркије да „направи сѐ што е потребно договорот за прекин на огнот да биде постојан“.

„Големата разлика помеѓу состојбата на затворениците што ги ослободи Израел и заробениците што ги ослободи Хамас е доволна за да се види разликата во менталитетот“, истакна турскиот претседател, мислејќи на физичката состојба на луѓето разменети во рамките на договорот за размена на затвореници.

„Не смееме да ги оставиме нашите браќа и сестри во Газа сами во овој период. Уште еднаш го повторувам мојот повик за поголема поддршка на угнетениот народ во Газа пред светиот месец Рамазан“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сторено со умисла: Јованов ќе одговара за најтешкото кривично дело од областа на сообраќајот

Следно

Пристигна биолошката терапија за онколошките пациенти

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop