Турскиот претседател Ердоган отпатува во Унгарија за да присуствува на самитот на Организацијата на туркиски земји

May 21, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес отпатува во главниот унгарски град Будимпешта, за да присуствува на неформалниот самит на Организацијата на туркиски земји (ОТС), јавува Анадолу.

Се очекува Ердоган да присуствува на состанокот на Советот на шефовите на држави на ОТС на маргините на самитот и да оствари билатерални контакти со шефовите на држави и влади кои учествуваат.

Во рамките на самитот, што ќе се одржи под темата „Точка на средба на Истокот и Западот“, ќе бидат разгледани тековните напори за зајакнување на институционалната структура на OTС и се очекува усвојување на разни документи и одлуки, вклучително и Декларацијата од Будимпешта, напиша на Х директорот за комуникации на Турција, Фахретин Алтун.

Ердоган на патувањето е придружуван од првата дама на Турција, Емине Ердоган, директорот за комуникации на Турција, Фахретин Алтун, и Акиф Чагатај Килич, главен советник на претседателот за надворешна политика и безбедност.

Неформалниот самит на шефовите на државите на ОТС е закажан на 20 и 21 мај 2025 година во унгарскиот главен град Будимпешта.

Турција, заедно со Азербејџан, Казахстан и Киргистан, е земја членка на ОТС, додека Унгарија, заедно со Туркменистан и Турската Република Северен Кипар, е земја набљудувач во организацијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Формирани четвртфиналните двојки на Светското првенство во хокеј на мраз

Следно

Владина делегација предводена од Николоски во Лондон за договорот за стратешкото партнерство

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop