Турскиот претседател Ердоган изрази сочувство по повод смртта на папата Франциск

April 21, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство по повод смртта на папата Франциск, изразувајќи длабока тага, јавува Анадолу.

„Со длабока тага дознав за смртта на папата Франциск, духовниот лидер на католичкиот свет и шефот на државата Ватикан“, истакна Ердоган преку платформата Х.

Поздравувајќи ги напорите на папата Франциск во однос на геноцидот во Газа и за палестинското прашање, Ердоган нагласи: „Папата Франциск беше истакнат државник и духовен лидер кој го ценеше дијалогот меѓу различните верски заедници. Тој преземаше иницијатива против хуманитарните трагедии, особено за палестинското прашање и геноцидот во Газа“.

Турскиот претседател упати сочувство од свое и од име на турскиот народ до семејството на папата, државата Ватикан и католичкиот свет.

Папата Франциск беше примен во болница во Рим во февруари со бронхитис, кој прерасна во билатерална пневмонија. Тој беше отпуштен по 38 дена за да продолжи со опоравување во неговата резиденција во Ватикан. Ватикан ја објави неговата смрт денес.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на убиени Палестинци во Газа се зголеми над 51.200

Следно

Расте цената, опаѓа продажбата! – 92 илјади евра за 1 кг 24 каратно злато

Latest from Blog

МААЕ: Нападите во близина на иранската нуклеарка може да предизвикаат катастрофа

Нуклеарката на југот од земјата, опремена со реактор од 1.000 мегавати, е погодена четири пати од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран. „Реален ризик од нуклеарна несреќа“ Директорот на МААЕ,

Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери

Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери со новиот Систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС) и особено најавата на вицепремиерот и министер за

Берзански ден со 25,01 милиони денари промет: Пивара Скопје во подем, банките активни

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.   На берзанската сесија од 6 април 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,21% и заврши на 10.079,47 поени,
Go toTop