Турскиот претседател Ердоган го најави договорот за снабдување со течен гас од Оман

November 29, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека ќе влезат во новата фаза на енергетска соработка со започнувањето на снабдување со течен гас од Оман од 2025 година, јавува Анадолу.

Оманскиот султан Хајтам бин Тарик ал е во прва официјална државна посета на Туркије на претседателско ниво, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција во главниот град Анкара.

Тој рече дека планира да оствари возвратна посета на Оман во блиска иднина и додаде дека Туркије споделува „длабоки историски и братски врски“ со Оман и дека билатералните врски ќе продолжат да се развиваат на сите полиња.

„Наша цел е да ги издигнеме односите на уште поголеми височини на сите полиња“, рече тој.

„Ние сме желни да им дадеме поинституционална рамка на нашите односи. За таа цел разгледавме различни опции, вклучително и механизмот за стратегиска соработка на високо ниво.“

„Потпишани се дури 10 договори за унапредување на нашата соработка во повеќе области, како што се надворешните односи, економијата, индустријата, инвестициите, здравството, културата, земјоделството и сточарството. Усвоена е и заедничка декларација“, рече турскиот претседател.

Тој сподели дека турските фирми досега во Оман успешно завршиле проекти во вредност од 7 милијарди американски долари и додаде дека разговарале и за тоа како турските компании би можеле да придонесат за визијата на Оман за 2040 година, долгорочен стратегиски план за водење на развојот и напредокот на земјата од Персискиот Залив.

„Наша цел е да ги зајакнеме нашите економски и трговски односи на 5 милијарди долари во првата фаза, како одраз на нашиот сегашен потенцијал“, рече Ердоган.

„Почнувајќи од 2025 година, со отпочнувањето на снабдувањето со течен гас од Оман, ќе влеземе во нова ера во нашата соработка во енергетскиот сектор.“

Изразувајќи ја својата благодарност за конструктивниот дијалог меѓу двете земји, султанот Хајтам ја опиша Туркије како „братска земја“.

„Би сакал да истакнам дека сум многу задоволен од конструктивниот дијалог и дискусиите што се водеа меѓу нас“, рече тој.

Истакнувајќи ги длабоките историски врски меѓу Туркије и Оман, тој додаде:

„Наша цел е дополнително да ги зајакнеме овие односи во сите области. Ние сме посветени на зголемувањето на нашата соработка, со цел да постигнеме поголем напредок и да направиме натамошни чекори за доброто на двете земји.“

Тој истакна дека ќе се направат значителни напори во оваа насока, посочувајќи дека турските компании веќе придонеле за развојот на неговата земја и за големите инфраструктурни проекти.

Изразувајќи целосна доверба во турската економија, тој рече: „Со комбинирање на економиите на двете земји може да создадеме многу посилен ентитет.“

Тој рече дека е воспоставен близок контакт меѓу официјалните претставници на Оман и Туркије, со дадени упатства за унапредување на односите во клучните сектори, додавајќи дека е формиран и заеднички инвестициски фонд.

Укажувајќи на можностите за соработка во секторите, како што се енергетиката, одбраната, образованието, индустријата и производството на храна, тој рече дека постои желба за дополнително унапредување на културната соработка и билатералниот дијалог.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тројца Палестинци се убиени во израелски воздушен напад врз северниот дел на Газа

Следно

Димитриевски: Органите на прогонот да ги откријат лицата кои го уништуваа државното знаме и да бидат казнети по закон

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop