Турскиот потпретседател го осуди приемот на Нетанјаху во американскиот Конгрес

July 25, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз вчера го осуди „срамниот прием“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во американскиот Конгрес, јавува Анадолу.

„Срамниот прием на извршната власт обвинета пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид во Газа е загрижувачки во однос на човечките вредности, меѓународното право и иднината на демократијата“, напиша Јилмаз на X.

Тој рече дека „заедно со сите чесни луѓе и влади во светот, ќе продолжиме да го поддржуваме хуманитарното право на угнетениот и окупираниот палестински народ и да ја браниме правдата и мирот за сите“.

За овациите што Нетанјаху ги доби за време на неговиот говор, Нуман Куртулмуш, претседателот на турскиот Парламент, на социјалната мрежа Х напиша: „Групата која стоеше и аплаудираше пркосејќи им на сите достигнувања кое човештвото ги оствари во име на човековите права, демократијата и правдата, на тој начин поддржувајќи ги оние на кои им се суди пред меѓународните судови за злосторства, ќе биде врежана во меморијата на човештвото како соучесници во таквите злосторства.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Борбен хеликоптер Ми-28 се урна во руската област Калуга, загинаа членовите на екипажот

Следно

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Latest from Blog

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.
Go toTop