Турскиот парламент го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО

January 23, 2024
1 min read

Турскиот парламент денеска го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО, по неколкумесечни размислувања.

Барањето е испратено до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конечен потпис, по што ќе биде проследено до американскиот Стејт департмент, пренесува Блумберг.

 

За да може Шведска да стане полноправна членка на Алијансата, нејзиното барање мора да биде одобрено од унгарскиот парламент. Шведска, заедно со Финска, ја напуштија својата традиционална политика на воена неутралност за да побара заштита под безбедносниот чадор на НАТО по рускиот напад на Украина во февруари 2022 година.

Финска се приклучи на алијансата во април 2023 година и стана 31-ва членка на НАТО, откако турскиот парламент ја ратификуваше кандидатурата на таа земја, пренесува Танјуг.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ утревечер ќе ги објави имињата на кандидатите во техничката влада

Следно

Костовски за ТВ 24: Преседан е на политичката сцена кога партија предлага свои министри, истите да не ги гласа

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop