Турскиот национален борбен авион ќе се вика „КААН“

May 1, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Името на националниот борбен авион на Туркије, познат како TF-X е „КААН“, објави денес претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

„Туркије е сега на секое поле, на копно, на море и под море, во воздух и во вселената“, рече Ердоган за време на настанот „Столетие на иднината“, кој го организираше Турската воздухопловна индустрија во главниот град Анкара, на кој се претставени авиони од домашно производство, меѓу кои и „КААН“.

Авионот од петтата генерација, „КААН“, е развиен од страна на Турската воздухопловна индустрија, со цел да ги замени застарените авиони Ф-16 на турската воена авијација.

Со ова летало Туркије станува една од петте земји што ја имаат оваа технологија, рече Ердоган.

„Денес дојдовме до резултати што се симболи на нашата иднина, на која укажа Мустафа Кемал Ататурк, велејќи: ‘Иднината е на небото.’ Затоа ние денес велиме ‘иднина’“, порача Ердоган.

Денешниот ден Ердоган го оцени како историски за Туркије.

„Уште еден историски ден за Туркије, нејзината одбранбена индустрија и воздухопловство“, истакна Ердоган во своето обраќање.

Тој го најави и првиот лет на турското борбено беспилотно летало „АНКА-3“ во наредните денови.

„Како Туркије ќе зајакнува, ќе видиме дека мирот, правдата и еднаквоста се вкоренуваат во нашиот регион и светот“, заклучи Ердоган.

Авионот за кој проектот започна во 2016 година е завршен во март годинава.

Авионот долг 21 метар може да постигне максимална брзина од 1,8 маха благодарение на своите два мотора, од кои секој може да постигне потисок од 13.00 килограми.

„КААН“ има неколку особини, како што се високо согледување на ситуацијата, оптимизирано работно оптоварување на пилотот, откривање на борбените оштетувања, системи на мисии од новата генерација, ниска забележителност, прецизност и внатрешен склад за оружје.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Масовни првомајски протести во Франција – во фокус пензиските реформи

Следно

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени ја потресе Јапонија

Latest from Blog

Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година

Минималната цена на трудот, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната

Тудор: Дербито со Интер е повеќе од само три бода, мислам дека можеме до Скудето

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, пред саботното дерби со Интер одговараше на новинарски прашања за очекувањата од дербито. „Овој натпревар вреди повеќе од три бода; полесно ми е да се подготвам за
Go toTop