Турскиот министер за трговија: Туркије ќе започне големи чекори со Сирија во трговијата и обновата на земјата

January 3, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије во новиот период ќе започне големи чекори со Сирија во однос на трговијата, инвестициите и обновата на земјата, изјави турскиот министер за трговија Омер Болат, јавува Анадолу.

Говорејќи денес на состанокот на Заседанието на извозници на Туркије, Болат потсети дека трговијата на Туркије со Сирија во 2011 година изнесуваше 1,8 милијарди долари во извоз и 660 милиони долари во увоз.

Статистиката на трговијата помеѓу Туркије и Сирија во 2024 година е реализиран извоз од 2,2 милијарди долари и увоз од 438 милиони долари, зголемувајќи се повеќе во извозот од Туркије во Сирија.

Тој додаде дека: „Договорот за слободна трговија на Туркије со Сирија беше потпишан и одобрен во 2007 година, но беше суспендиран откако започна граѓанската војна во Сирија во 2011 година.“

„Во новиот период, во соработка со сириските власти ги завршуваме подготовките и за Договорот за слободна трговија и за царинските режими. Ќе се обидеме да ги максимизираме нашите трговски и инвестициски релации до момент да имаме една силна Сирија“.

Болат, осврнувајќи се на подготовките за проширување на Договорот за слободна трговија со Палестина, нагласи: „Завршивме со преговорите за проширување на Договорот за слободна трговија со Палестина“, и додаде:

„Во рамките на Договорот за слободна трговија со Палестина обезбедивме концесија за 41 земјоделски производ, и ја зголемивме квотата за урми од 1.000 тони на 3.000 тони, потоа на 4.000 тони и на крајот на 7.000 тони.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јордан подготвен да ја снабдува Сирија со електрична енергија

Следно

Годинава почнуваат активностите за филмот, серијата и документарецот за Тоше Проески

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop