Турскиот министер за надворешни работи: Сирија нема планови за федерација и автономни региони

February 5, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес изјави дека сириската администрација по падот на Асад нема планови ниту за федерација, ниту за автономни региони.

Како гостин на Уредничкиот деск на Анадолу во главниот град Анкара, Фидан се осврна на клучните регионални прашања, вклучително и на ставот на Сирија кон тероризмот и безбедносната соработка.

Фидан истакна дека ставот на сирискиот претседател Ахмад ал-Шара за терористичката организација ПКК/ЈПГ е „исклучително јасен“ и ги задоволува безбедносните потреби на Туркије.

Тој, исто така, рече дека Сирија ќе ги врати назад или ќе ги елиминира сите терористи на ПКК кои дошле од различни земји, „за да го осигури своето национално единство“.

Во врска со борбата против тероризмот во регионот, Фидан најави чекори за воспоставување заеднички механизам меѓу Туркије, Ирак, Сирија и Јордан за борба против терористичката организација ДЕАШ.

Турскиот министер се осврна и на планот на Трамп за иселување на Палестинците од Газа означувајќи го како неприфатлив, и посочи дека дури не е во ред да се отвори ни дискусија за тоа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Далас принуден да враќа пари на навивачите по заминувањето на Дончиќ

Следно

Нови земјотреси регистрирани во морскиот дел во близина на грчкиот остров Санторини

Latest from Blog

Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак

Објавата уследи откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на
Go toTop