Турскиот министер за надворешни работи присуствуваше на состанокот на Контакт групата за Газа со шефот на ОН

September 26, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, присуствуваше на состанокот во Њујорк меѓу генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, и Контакт групата за Газа формирана од Организацијата за исламска соработка (ОИС) и Арапската лига, пренесува Анадолу.

„Министерот за надворешни работи Хакан Фидан и членовите на Организацијата за исламска соработка и Контакт групата на Арапската лига за Газа се сретнаа со Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН, во Њујорк“, соопшти турското Министерство за надворешни работи на Х.

Средбата се одржа за време на престојот на Фидан во Њујорк по повод 79. заседание на Генералното собрание на ОН.

Контакт групата беше формирана на заедничкиот самит на Организацијата за исламска соработка и Арапската лига во Саудиска Арабија минатиот ноември, со цел да се запре конфликтот во Газа и да се помогне во постигнувањето траен мир во енклавата, во која речиси една година трае разорната израелска офанзива.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сабаленка сака да ја заврши сезоната како прв рекет на светот

Следно

Бранѓолица во Студио 10: Екипите на Комунална хигиена работат неуморно, но мора повеќе да се крене и свеста кај жителите на Скопје

Latest from Blog

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде државен приоритет, потребни се конкретни мерки и стабилно финансирање

Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор
Go toTop