Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на разговорите за Сирија во Ријад

January 11, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, утре (недела) ќе присуствува на состанокот за Сирија во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, соопштија дипломатски извори, јавува Анадолу.

На состанокот ќе продолжат разговорите од претходниот собир во Акаба, Јордан, истакнаа изворите.

Фидан го посети Јордан на 14 декември минатата година за состанокот за Сирија, каде оствари средба и со неговиот јордански колега Ајман Сафади.

Состанокот во Ријад ќе се фокусира на стабилноста на Сирија, на кој се очекува Фидан да ја истакне важноста на територијалниот интегритет и единство на земјата, потребата од систематски чекори за нејзина обнова и потенцијално проширување на изземањето од санкциите.

На состанокот ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на Сирија и членките на Советот за заливска соработка – Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин и Оман – заедно со министрите за надворешни работи на Ирак, Либан Јордан, Египет, Велика Британија и Германија.

Се очекува САД и Италија да бидат претставени од замениците министри за надворешни работи.

На состанокот најверојатно ќе присуствуваат и високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, генералниот секретар на Арапската лига, генералниот секретар на Советот за заливска соработка и специјалниот пратеник на ОН за Сирија.

На 1 јануари, новите лидери на Сирија ја остварија својата прва официјална посета во странство и тоа во Саудиска Арабија, на помалку од еден месец по соборувањето на поранешниот лидер на сирискиот режим Башар ал-Асад на 8 декември.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЕЧНА ИМ СЛАВА НА ЗАГИНАТИТЕ: 17 години од хелихоптерската несреќа во Катлановско Блаце

Следно

УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

Latest from Blog

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Фудбалската репрезентација на Парагвај се збогува со Светското првенство откако тесно загуби од Франција со 1:0 во осминафиналето во саботата. Моментот на одлука се случи откако Килијан Мбапе го реализираше пеналот досуден

Берлин ѝ оддава почит на САД; Бранденбуршката порта осветлена во боите на американското знаме

Светлосната проекција започна на зајдисонце и траеше до полноќ. „Како симбол на единство и слобода, Бранденбуршката порта силно ги одразува нашите заеднички вредности на 4 јули“, истакна градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер,
Go toTop