Турскиот министер Коџа: Туркије донесе на лекување уште 85 пациенти од Газа

January 12, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије синоќа префрли уште 85 пациенти, меѓу кои и повредени лица од опколениот Појас Газа, од Египет на турска територија, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа, јавува Анадолу.

Два авиона со пациенти и нивни придружници синоќа слетаа во главниот град Анкара.

Вкупно „85 пациенти и повредени лица од Газа вечерва се донесени во Туркије од Египет. Пациентите, придружени со група од 106 лица, ќе добијат медицински третман во нашата земја“, објави Коџа на платформата Х.

Туркије од почетокот на разорните израелски напади врз Појасот Газа прими 292 повредени и болни пациенти од Газа на лекување, објави министерот Коџа на платформата Х на 31 декември.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јапонија почна со изградба на домови за погодените од земјотресот

Следно

Ни на небо, ни на земја

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop