Турскиот министер Фидан во Киев оствари средба со украинскиот претседател Зеленски

May 30, 2025
1 min read

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес беше пречекан од украинскиот претседател Владимир Зеленски во Киев, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

Во рамките на неговата официјална посета, Фидан се сретна и со Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на претседателот на Украина.

Не беа дадени повеќе детали за средбите.

Претходно, турскиот министер за надворешни работи одржа заедничка прес-конференција со својот украински колега, Андриј Сибиха.

На прес-конференцијата, Фидан рече дека Турција се надева дека ќе биде домаќин на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски за следната рунда мировни преговори, на кои би учествувале и американскиот претседател Доналд Трамп и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Сибиха рече дека Украина е подготвена да разговара за привремен прекин на огнот, истакнувајќи: „Сакаме да ја завршиме војната оваа година и сме подготвени да разговараме за прекин на огнот – без разлика дали е на 30, 50 или 100 дена“.

Претходно оваа недела, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров соопшти дека Москва е подготвена за втора рунда мировни преговори во Турција и дека го финализирала својот документ за нејзината позиција. Сепак, украинските претставници изјавија дека меморандумот сè уште не е доставен.

Русија и Украина на 16 мај ги одржаа своите први директни преговори по три години во Истанбул, каде што двете страни се согласија за размена на затвореници од голем обем, во која ќе учествуваат вкупно 1.000 луѓе од секоја страна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медиуми: Габриел ќе остане во Арсенал за повисока плата

Следно

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

Latest from Blog

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако пловниот пат не биде целосно отворен во рок од 48 часа. Заканата од ирански напади за време на американско-израелската

Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки

Николоски најави – Штип ќе стане туристички центар со ново вештачко езеро

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку
Go toTop