Турскиот министер Фидан: Терористичката организација ДЕАШ е отров за муслиманските заедници

January 6, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес го предупреди Западот дека нема да се дозволи зајакнување на терористичката организација ПКК под маската на борба против ДЕАШ за да им служи на други политики, јавува Анадолу.

„Империјата на насилство на терористичката организација ПКК изградена над курдскиот народ е на работ на колапс,“ изјави Фидан на заедничката прес-конференција во Анкара со неговиот јордански колега Ајман Сафади, кој престојува во официјална посета на Туркије.

Тој ја повика терористичката организација ПКК/ЈПГ да го положи оружјето во Сирија „што е можно поскоро“.

„Терористичката организација ДЕАШ е отров за муслиманските заедници“, нагласи тој.

Јорданскиот министер за надворешни работи, Сафади, од своја страна изјави дека сè што ја загрозува безбедноста на Туркије ја загрозува и безбедноста на регионот.

„Јордан се координира со Туркије за да придонесе за зголемување на безбедноста и стабилноста во регионот во светло на предизвиците со кои се соочуваме“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митев пред СП: Одиме да се бориме против секого!

Следно

Божикно послание на поглаварот г.г. Стефан

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно
Go toTop