Турскиот министер Фидан разговараше со катарскиот премиер и со членови на политичкото биро на Хамас

May 30, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, имаше одделни телефонски разговори со катарскиот премиер и членовите на политичкото биро на палестинската група Хамас, објавија турски дипломатски извори, јавува Анадолу.

Хакан Фидан разговараше со шеик Мухамад бин Абдулрахман ал-Тани за Газа и Сирија, велат изворите.

Фидан во другиот телефонски разговор со Хамас се фокусираше на тековните напори за обезбедување прекин на огнот во Газа.

Израелската армија ги отфрли меѓународните повици за прекин на огнот и спроведува катастрофална офанзива во Газа од октомври 2023 година, при што се убиени над 54.200 Палестинци, повеќето жени и деца.

Хуманитарните агенции предупредија за ризикот од глад кај повеќе од два милиона жители во енклавата.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите воени злосторства врз цивилите во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РФМ ги делегираше судиите за завршниот турнир во ракометниот Куп

Следно

Филипче: Советниците на СДСМ ќе ротираат на две години, но и санкции за неисполнување на обврските

Latest from Blog

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop