Турскиот министер Фидан: Израел и Нетанјаху имаат желба војната да се прошири во регионот

September 28, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес рече дека убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, од страна на Израел укажува на тоа дека се има желба конфликтот од Газа да се прошири надвор од блокираната палестинска енклава, јавува Анадолу.

„Постои желба во Израел и кај [премиерот Бенјамин] Нетанјаху, војната да се прошири во регионот“, рече Фидан во интервјуто за турската државна телевизија ТРТ во Њујорк.

Тој истакна дека Туркије верува дека „Израел нема да запре по Газа и ќе се насочи кон Либан“.

Хезболах и Израел продолжија со прекуграничните напади од војната во Газа минатиот октомври, но Тел Авив неодамна ја ескалира својата офанзива врз Либан, убивајќи стотици, принудувајќи на раселување илјадници, и елиминирајќи го лидерот на групата Насрала. Конфликтот би можел дополнително да ескалира, бидејќи постои стравување од копнена инвазија на израелската војска.

Фидан ја окарактеризира ситуацијата во Газа, каде што од 7 октомври досега убиени се над 41.000 Палестинци, како „трагедија“, но рече дека ако има поголема трагедија од оваа, тоа е лицемерието и неефикасноста на меѓународниот систем.

Тој рече дека конфликтот ни покажал дека меѓународните институции, вклучително и Обединетите нации (ОН), не функционираат, истакнувајќи ја итната потреба за реформи.

Турскиот министер нагласи дека под водство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Туркије е проактивна во залагањето за мир. „Туркије не е ограничена ниту на Западната, ниту на Источната оска“, рече Фидан, посочувајќи дека Анкара ќе продолжи напред со конструктивен пристап во регионот.

Шефот на турската дипломатија ја подвлече важноста од формирање независна Палестина, велејќи дека Контакт групата за Газа, формирана на заедничкиот самит на Организацијата за исламска соработка и Арапската лига во Саудиска Арабија минатиот ноември, продолжува да работи на ова прашање.

Тој изрази загриженост за влијанието на Вашингтон во конфликтот: „Вознемирувачки е што целата моќ на Соединетите Американски Држави (САД) е на располагање на Израел“.

Израел „се вовлекува и себеси и своите сојузници во голем конфликт“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот

Следно

Патници кршеле стакла за да избегаат од автобус што чадел кај Велес

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи
Go toTop