Турскиот министер Чавушоглу ќе присуствува на 5. Конференција на ОН за најмалку развиените земји

March 4, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, ќе присуствува на Петтата конференција на Обединетите нации (ОН) за најмалку развиените земји (LDC5) во Доха, Катар, јавува Анадолу.

Чавушоглу „ќе присуствува на првиот ден од 5. Конференција на Обединетите нации за најмалку развиените земји (LDC5) што ќе се одржи во Доха од 5 до 9 март 2023 година во име на претседателот на Република Туркије“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Потсетувајќи дека „Конференциите за најмалку развиените земји се можност еднаш во деценијата да се разговара за предизвиците со кои се соочуваат овие земји и да се постигне нивен одржлив развој“, во соопштението се потсетува дека Туркије беше домаќин на Четвртата конференција на најмалку развиените земји во Истанбул од 9 до 13 мај 2011 година.

Турскиот министер на маргините на Конференцијата се очекува да оствари и билатерални разговори со неговите колеги.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЌЕРКИТЕ НА МАРИН БАБИЌ ГО ВРАЌААТ ШОУТО „ГЛУМЦИТЕ ПЕАТ“ НА 20 АПРИЛ ВО НОБ

Следно

Шест европски земји изразија голема загриженост поради ескалацијата помеѓу Израел и Палестина

Latest from Blog

Град Скопје и општините потпишаа Меморандум за претставување на главниот град како европски културен центар

Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и скопските општини со што се воспоставува јасна институционална рамка за партнерска соработка и заедничко дејствување на сите нивоа на локалната самоуправа, за проектот

Тоневски: Благодарност до граѓаните и компаниите за поддршката на Кико

Општина Пробиштип на денешната седница донесе одлука за обезбедување на дополнителни 400.000 денари, со што се комплетираа средствата потребни за операцијата на Кико, кои изнесуваат вкупно 36.500 евра. Градоначалникот Тони Тоневски изрази

До мај нов паркинг на Клиничкиот центар

Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања за паркингот на Клиничкиот центар, рече дека некаде до мај „ќе имаме паркинг што ќе биде потполно нов со ‘смарт’ – инфраструктура

Кому ќе му припадне богатството на Брижит Бардо- единствениот син не е ниту споменат во тестаментот

Во 1960-тите, таа беше една од најплатените актерки во светот, а за нејзината улога во „Вива Марија“ доби 350.000 долари, пишува Новости. Нејзината автобиографија „Иницијали Б.Б.“, објавена во 1996 година, ѝ донесе
Go toTop