Турскиот министер Болат: Туркије го поддржува Ирак во проектот за Големиот развоен пат

November 18, 2024
2 mins read

БАГДАД (АА) – Турскиот министер за трговија, Омер Болат, изјави дека Туркије го поддржува Ирак во рамките на проектот за Големиот развоен пат, јавува Анадолу.

Министерот Болат во Багдад, главниот град на Ирак, присуствуваше на тркалезната маса со претставници на турски и ирачки компании.

Тој истакна дека на состанокот присуствувале највисоките претставници на ирачката влада и дека тоа е важно за двете држави.

Осврнувајќи се на средбата со ирачкиот премиер Мухамед Шија Ал Судани во текот на денот, Болат рече дека се договориле за зајакнување на односите меѓу двете земји и за уште посилен ангажман на Туркије во ирачкиот развој, инвестициите, реформите и модернизацијата.

„Ние се восхитуваме и навистина ја поддржуваме големата економска стабилност на Ирак и движењето кон економско зајакнување и развој во последните неколку години. Она што е добро за Ирак е добро и за Туркије. Имаме одлични односи во сите области, не само во економијата, туку и во војската, одбраната, безбедноста, енергетиката, трговијата, туризмот, инвестициите, логистиката и транспортот“, рече турскиот министер.

Турскиот министер рече дека Туркије е одлучна дополнително да ги подобри односите со Ирак на сите полиња.

„Ирак долги години беше втор најголем трговски партнер на Туркије. Во последниве години е на третото место, но и Туркије е на втора позиција во надворешната трговска размена на Ирак. Нашата меѓусебна трговска размена изнесува околу 20 милијарди долари, и одлучни сме дека на среден рок тоа да го зголемиме на 30 милијарди долари“, рече Болат.

Тој истакна дека Ирак во последните години стана многу атрактивен за странските инвеститори, додавајќи дека Туркије, исто така, сака да ги зголеми инвестициите во таа земја.

„Ирак е земја која даде голем придонес Туркије да биде втора во светот во областа на меѓународното изведување на работите, каде што реализира големи проекти. Почнувајќи од 1975 година, за речиси 50 години, нашите изведувачи ги завршија работите на 1.111 проекти во Ирак, а вредноста на овие проекти изнесуваше 35 милијарди долари“, рече Болат.

На крајот, тој ја нагласи важноста на проектот на Големиот развоен пат на Ирак.

„Туркије го поддржува Ирак во овој голем проект и навистина сакаме тој да биде завршен до 2030 година како што е планирано. Како турска Влада и како турски консултанти и изведувачи на работите, ние сме подготвени да учествуваме во овој проект. Уште едно значење на овој проект е тоа што во Ирак ќе се воспостават градови со голема визија, логистички центри, центри за складирање и индустриски центри. Големиот развоен пат не е само автопат или железнички транзитен проект, туку тој е развоен и модернизациски проект и визија на Ирак. Ние сме подготвени да учествуваме и да дадеме свој придонес“, рече турскиот министер за трговија.

– Проектот на „Големиот развоен пат“ –

Ирачкиот министер за сообраќај, Резак Мухејбес ес-Садави, претходно изјави дека проектот „Развојен пат“, кој ќе го поврзе Ирак со Европа преку Туркије, не се однесува само на железницата и автопатите, туку ќе овозможи економска интеграција за земјите кои се партнери во проектот.

Проектот се планира да добие меѓународна и регионална поддршка, да го зголеми комерцијалниот квалитет и да ги намали транспортните трошоци бидејќи проектот ќе биде нова меѓународна трговска рута меѓу Азија и Европа.

Рутата ќе поминува низ Басра, Насирија, Самава, Диванија, Наџаф, Карбала, Бабил, Багдад, Самара, Бејџи, Саладин, Мосул, Рабија, Духок и Фишапур и ќе стигне до Европа преку Туркије по морски пат преку пристаништето Џејхан или по копно преку Истанбул.

Вкупните трошоци за изградба на железницата и автопатите се очекува да достигнат 17 милијарди долари.

Во рамките на проектот ќе бидат изградени индустриски градови околу железницата и автопатите кои се протегаат од Басра до Фишапур.

Проектот би требало да биде многу поповолен во однос на Суецкиот канал и би можел да заштеди околу 12-15 дена во време за транспорт, и на тој начин да биде поисплатлив во однос на транспортните трошоци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во ракетен напад од Либан врз Северен Израел загина жена, 10 лица се повредени

Следно

Мицотакис објавува забрзана отплата на јавниот долг на Грција

Latest from Blog

Да се стави крај на македонскиот маратон кон Брисел, побара Сиљановска од Манјл-Рајсингер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова остварила средба со Беате Мајнл-Рајсингер, сојузна министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија, на којашто македонската претседателка укажала на потребата од ставање крај на македонскиот маратон кон

Рама објави видео – десетици ракувања со европските лидери, само Мицкоски го нема

Тирана беше домаќин на самитот на Европската политичка заедница и на едно место ги собра сите значајни европски лидери. Домаќинот на самитот, албанскиот премиер Еди Рама утрово објави видео од приемот на

Израел уби 6 Палестинци, уништи домови во повеќе делови на Појасот Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Во израелски воздушни напади убиени се шест Палестинци, повредени се неколку други рано утрово низ различни делови на Појасот Газа, јавува Анадолу. Медицински извор за Анадолу изјави

Лосон: Нема да се прифаќаат мигранти од Британија, ова е широко партнерство

Британскиот амбасадор Метју Лосон на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во Влада, ги демантираше сите тврдења и шпекулациите на медиумите. Тој јасно рече дека со стратешкото партнерство не станува збор за прифаќање

Планинска еко акција на врв Лако Сигној – Национален парк Галичица

Членовите на Алпинистичкиот клуб ПАТАГОНИЈА – Охрид спроведоа голема еко акција за расчистување и обновување на врвот Лако Сигној (1984 м.н.в.) во Националниот парк Галичица. По неколкугодишно планирање и со помош од
Go toTop