Турскиот град Адијаман една година по разорниот земјотрес

February 5, 2024
1 min read

АДИЈАМАН (АА) – Измина една година од разорните земјотреси што ги потресоа јужните региони на Република Туркије и кои во таа земја се познати како „катастрофа на столетието“, известува Анадолу.

Според проценетата штета во 11 града во Туркије погодени од земјотресот, тешко се оштетени и станале неупотребливи вкупно 850.000 единици, од кои 680.000 домови и 170.000 стопански објекти.

Штетата предизвикана од земјотресот е проценета на 104 милијарди долари.

Два разорни земјотреса, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, на 6 февруари наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, а вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите беа регистрирани во турската област Кахраманмараш. Во овие катастрофални земјотреси животот го загубија 53.000 луѓе.

Продолжуваат реконструкциите во градовите погодени од земјотресите.

Градот Адијаман на годишнината од катастрофалните земјотреси што се случија на 6 февруари 2023 година е снимен со дрон.

На овие подрачја урнати се илјадници згради.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Две лица повредени од експлозија во Ерменија

Следно

ЕУ се надева дека Турција е свесна оти постои меѓународна потерница по Путин, порача Стано

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop