Турскиот авиопревозник „АЏет“ го реализираше првиот лет од Истанбул до Дамаск

July 2, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот авиопревозник „АЏет“ денес успешно го реализираше првиот лет од Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул до сирискиот главен град Дамаск, што претставува прв ваков лет по повеќе од една деценија, јавува Анадолу.

Според соопштението на авиокомпанијата, започнати се редовни дневни летови од Истанбул до Дамаск, еден од клучните центри на Блискиот Исток.

Со ова, „АЏет“ стана првата авиокомпанија што воспоставува линија на оваа рута од „Сабиха Ѓокчен“ по 13 години пауза.

По двочасовниот лет, патниците беа пречекани со свечена церемонија на Меѓународниот аеродром во Дамаск.

Извршниот директор на „АЏет“, Керем Сарп, на свеченоста истакна дека компанијата се гордее што по 13 години повторно воспоставува директни летови од Турција до Дамаск.

Тој најави дека на 4 јули (петок), ќе се реализира и првиот директен лет од турската престолнина Анкара до Дамаск, што ќе ја направи „АЏет“ првиот превозник што воспоставува ваква линија од Анкара по многу години.

„Отсега па натаму, АЏет ќе врши дневни летови од Истанбул и три лета неделно од Анкара до Меѓународниот аеродром во Дамаск“, истакна тој.

Тој нагласи дека со новата ера во Сирија, развојот на настаните кон мир и стабилност во регионот повторно ја истакнува важноста на новата рута, додавајќи дека директните летови до Дамаск, еден од античките градови на Блискиот Исток, ќе помогнат во оживувањето на човечките и трговските врски, а исто така ќе го промовираат братството за време на процесот на закрепнување на Сирија.

„АЏет“ моментално оперира кон 59 дестинации во 34 земји, а со вклучувањето на Дамаск во својата мрежа, компанијата продолжува со реализација на своите цели за проширување во Европа, Блискиот Исток, Централна Азија и Северна Африка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иранскиот претседател објави прекин на соработката со МААЕ

Следно

Како се одвива рехабилитацијата на повредените од Кочани на Пониква

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на

Фирмата во Скопје, на уапсениот Србин за 5 тони марихуана, работела со загуби, а одгледувала канабис за медицински цели

Иван Драгниќ, еден од српските државјанин, кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија, за пет тони марихуана, а за кои сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во

По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026. -Правото на субвенциониран
Go toTop