Турски МИТ во Ирак фати терорист на ПКК/КЏК одговорен за 12 терористички напади

February 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турската национална разузнавачка служба (МИТ) во градот Сулејманије, североисточен Ирак, го фати терористот на ПКК/КЏК кој изврши 12 терористички напади во кои загинаа 60 припадници на безбедносните сили, и го донесе во Туркије, пренесува Анадолу.

Турскиот МИТ во северен Ирак ја утврди локацијата на терористот Рамазан Ѓунеш, со кодно име „Сореш/Сорешгер“, припадник на таканаречените специјални сили на терористичката организација.

Ѓунеш, кој речиси една година бил следен, е фатен во операција на МИТ во Сулејманије.

Тој беше вклучен во 12 терористички напади извршени од ПКК/КЏК во периодот 2011-2017 година во областа Чукурџа во југоисточната турска област Хакќари, каде беа убиени 57 војници, еден полицаец и двајца селски стражари.

Терористот Ѓунеш, кој ѝ се приклучил на терористичката организација во 2008 година, долги години дејствувал во регионот Хакќари, како и во Ирак и Сирија.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, наведена како терористичка организација од Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и бебиња.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Затворите преполни, а допрва доаѓа наплив од прекршители на ковид-мерките

Следно

Нормализацијата на односите со Ерменија во фокус на разговорот меѓу Алиев и Лавров

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop