Турски МИТ неутрализираше терорист на ПКК во Северен Ирак

January 3, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турската разузнавачка служба МИТ го неутрализираше раководителот на терористичката организација ПКК во Северен Ирак, наведоа безбедносни извори, пренесува Анадолу.

МИТ го неутрализираше Ислам Џеханфер, еден од лидерите на терористичката организација ПКК, во руралниот предел на Пенџавин, во ирачкиот град Сулејманија, оддалечен 200 километри од турската граница.

Разузнавачите ги следеле активностите на терористот со кодно име Бехрудан Келхор, познат како лидер на баталјон на ЈПГ, сириски огранок на терористичката ПКК.

Џеханфер, кој бил надлежен за членовите на ПКК и нејзините ограноци за време на својот престој во Сирија, овозможил лекување на повредените припадници на терористичката организација, наводно бил активен во Ирак и во Сирија.

Турските власти го користат изразот „неутрализиран“ за да имплицираат дека терористите за кои станува збор им се предале на безбедносните сили, убиени се или заробени.

Туркије од 2020 година започна низа операции против ПКК во Северен Ирак, а последна е операцијата „Канџа-катанец“ што започна во април 2022 година. Оваа операција како цел ги има засолништата на терористите на ПКК во северните подрачја на Ирак, особено во подрачјето на Метина, Запа и Авашин-Басјан.

Претходно Туркије ги спроведе операциите „Канџа-тигар“ и Канџа-орел“ во 2020 година за да се обезбеди сигурноста на турскиот народ и на нејзината граница, неутрализирајќи ја заканата од ПКК и другите терористички групи што го користат северот на Ирак за планирање прекугранични напади.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и стари лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Деспотовски: Ниту има врска со изборите и техничката влада, ниту е нешто спорно во договорот со „Стентон градба“

Следно

Иран: Дваесет и пет загинати во експлозиите за време на комеморативните церемонии на гробот на Касим Сулејмани

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop