Турски мајстор на бастуни ги гравира имињата што ја обликуваа турската историја

April 19, 2025
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Селами КУЧУКОГЛУ – Мајсторот на ракотворби Шахин Караман создаде специјална колекција составена од 19 парчиња бастуни на кои се гравирани имињата, историските мотиви и настаните што ја обликуваа турската историја и прекрасни релјефи, користејќи техники за гравура и резба, пишува Анадолу.

Караман, кој веќе 41 година изработува ракотворби во Бујук Јени Хан во квартот Махмут-паша, во истанбулската населба Еминону, пред две години со својата ќерка го започна проектот „Епски напишани чекори“ со цел да ја одржи културата на бастуните.

Во рамките на проектот Караман добил поддршка од академици од различни универзитети во однос на историските теми, мотиви и цртежи што треба да се изработат на бастуните, а како резултат на двегодишната работа е создадена посебна колекција од 19 парчиња.

Караман користи техники за гравура и резба на бастуните, а имињата што ја обликувале турската историја, историските настани, воените приказни и историските мотиви ги украсувал користејќи злато, сребро, дијаманти, тиркизен камен и мозаици.

– „Бастунот е симбол на моќта и дигнитетот“ –

Шахин Караман за дописникот на АА изјави дека мотивите и украсите резбарени на бастуните што сам рачно ги изработил имаат големи значења.

Тој вели дека рачно изработените дела се убави и се разликуваат едни од други и додава:

„Поминаа две години откако го осмисливме и реализиравме овој проект, но нашата работа штотуку заврши. Во нашите дела фикционализиравме некои аспекти базирани врз приказни за битката кај Манцикерт во 1071 година, освојувањето на Истанбул во 1453 година, битката кај Галиполи, прогласувањето на Републиката и ликовите на султанот Фатих Мехмет Хан, архитектот Мимар Синан, Гази Мустафа Кемал Ататурк. Верувам дека создадовме исклучително убави дела. Нивните животи ги гравиравме на овие бастуни. Зошто на бастуни? Затоа што бастунот е симбол на моќта и благородноста, дигнитетот“.

– „Аја Софија“ илустрирана со микроизработка во која се користени скапоцени камења –

Нагласувајќи дека со микроизработка на скапоцени камења на бастуните илустрирани се големата џамија „Аја Софија“ и султанот Фатих Мехмет Хан, Караман истакнува:

„На бастуните има сè, од сребро, злато, дијаманти, па до мозаици. Нанесовме емајл (стакло мелено во прав што се врзува за метална подлога со топење на температура од 750 до 850 степени), техника на поставување скапоцени или полускапоцени камења на метална површина користејќи различни методи и гравирање.“

Караман вели дека овој метод го применил и на кутиите во кои се ставени бастуните.

Зборувајќи дека академици од три различни универзитети дале свој придонес во проектот, Караман истакна:

„Дизајнери од Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Мармара, академици, како што се проф. д-р Халдун Шекерџи од Универзитетот Думлупинар во Ќутахја и вонредниот професор Ѓокчен Чатли од Универзитетот Ајдин во Истанбул, се меѓу оние што учествуваа во проектот и го поддржаа.“

Шахин Караман додаде дека бастуните, кои целосно се рачно изработени, ќе бидат изложени на саемот за накит „Istanbul Jewelry Show“, еден од петте најголеми саеми за накит во светот, што се одржува во Експо-центарот од 16 до 19 април.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Хамилтон помина без казна

Следно

Опозицијата бара проширување на истрагата за пожарот во Кочани: Правдата не смее да биде селективна

Latest from Blog

Главчев за МКД потврди дека е рекетираниот бизнисмен: Сакам да верувам во правда и дека конечно бандата на СЈО ќе се распадне

По седум години бизнисменот до детали се сети се денот, часот, датумот и годината на неговото приведување, но и на тоа дека обвинителката Стефанова е таа која постапувала по неговиот предмет во

Стентон Градба ја обнови јужната трибина на „Петар Милошевски“ – Битола доби современ фудбалски дом

Градежната компанија Стентон Градба ја заврши реконструкцијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, обезбедувајќи младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година да ги одигра домашните квалификациски натпревари во

Изет Меџити: Чаир станува пример за модерно предучилишно образование

Општина Чаир продолжува да поставува нови стандарди во предучилишното образование, со цел да обезбеди квалитетна грижа и образование за најмалите. Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е и
Go toTop