Турски Каш – Рај за љубителите на историјата и подводните авантури

June 25, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Со зачудувачката природна убавина и историското богатство местото Каш, едно од омилените туристички дестинации во турската област Анталија, претставува еден од водечките центри за нуркачки туризам, привлекувајќи илјадници домашни и странски посетители секоја година, јавува Анадолу.

Покрај живописниот крајбрежен пејзаж, кристално чистото море и традиционалната архитектура, Каш нуди уникатно нуркачко искуство благодарение на многубројните подводни атракции што ја откриваат историјата скриена под морската површина.

Едно од најимпресивните места за нуркање е италијанскиот борбен авион од Втората светска војна, кој бил соборен додека изведувал напад врз британски бази на блискиот остров Меис.

Посетителите може да нуркаат и покрај автентична реплика на 3.300 години стариот трговски потонат брод „Улубурун“, едно од најважните археолошки откритија од бронзената доба, кое сведочи за древните трговски маршрути на Источен Медитеран.

Во последните неколку години турските власти го збогатија подводниот свет со нови атракции – минатата година во морето беше потопен транспортен авион Д-47, дониран од Турските воздушни сили, а во 2023 година во длабочините беше сместен и „пензиониран“ тенк тежок 45 тони, кој сега претставува дом за морскиот свет и предизвик за нуркачите.

Покрај овие вештачки атракции, морското дно на Каш крие и природни чуда, антички остатоци, пештери и карпести формации што сведочат за богатото историско и геолошко наследство на регионот.

Подводната флора и фауна дополнително го прават ова место привлечна дестинација – низ водите често може да се види и риба лав, егзотичен морски жител што фасцинира со своите бои и изглед.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во израелските напади во централна Газа убиено бебе и уште четири други лица

Следно

Реакција на Министерството за правда: СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации 

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop