Турски доктори отстранија келоидна маса од 5 килограми кај пациент од Уганда

September 29, 2024
1 min read

ЏИНЏА (АА) – На пациент од Уганда му е отстранета келоидна маса тешка 5 килограми на настан од областа на здравството организиран од Здружението Пријатели на цела Африка (TADD) во соработка со Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Министерството за здравство на Уганда, пишува Анадолу.

Волонтерски медицински тим од Туркије кои се состоеше од лекари, медицински сестри, техничари за анестезија и членови на граѓанското општество, обезбеди бесплатни прегледи и операции на стотици жители на Уганда во текот на 11 дена.

Осумнаесетчлената група специјалисти по општа хирургија, урологија, оториноларингологија, гинекологија и пластична хирургија прегледа приближно 1.500 лица и изврши речиси 100 операции. Меѓу пациентите беше и 39-годишниот Мухамед Рамазан, на кого лекарите му го отстранија огромен келоиден израсток тежок околу 5 килограми.

– Невообичаено голема келоидна маса –

Проф. д-р Мехмет Дадаџи, продекан на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Неџметин Ербакан“ и експерт за пластична и реконструктивна хирургија, за келоидната маса рече дека е најголема што некогаш ја видел:

„Наидовме на келоид со големина каква што не сум видел во мојот живот“, рече Дадаџи. Масата долга 20 сантиметри паѓаше надолу од вратот на пациентот и ја имаше зафатено и областа зад неговите уши. И покрај вообичаената предност за нехируршки третман на келоидот, тимот успешно го отсече израстокот, значително подобрувајќи го квалитетот на животот на пациентот.“

Келоидната маса се појавува кога механизмот за заздравување на телото продолжува да произведува ткиво уште долго по зараснувањето на раната. Дадаџи рече дека ваквите случаи се особено чести кај лицата со африканско потекло. „Пациентот живеел со масата 7-8 години под тешки услови, но сега се ослободи од неа“, додаде тој.

– Операција која го менува животот –

Претставникот на Здружението Пријатели на цела Африка во Анкара, Џунејд Тирјаки, го истакна поширокото значење на операцијата. „Оваа операција не само што го подобри здравјето на пациентот, туку и неговиот семеен живот, работниот живот и социјалната интеграција“, рече Тирјаки, истакнувајќи дека без интервенцијата, пациентот би се соочил со доживотна борба поради финансиските ограничувања и недостигот на медицински персонал во Уганда.

„Сметаме дека оваа операција има јасно влијание и пред и потоа. Горди сме што бевме дел од таков значаен подвиг“, додаде Тирјаки.

Пациентот е отпуштен по успешната процедура.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОТО ГП: Хорхе Мартин победи на трката за големата награда на Индонезија

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Да не се грижи Спасовски и СДС, ДУИ не им го земаме

Latest from Blog

Коњановски: Битола ја јакне поддршката за „Специјална олимпијада“

Општина Битола и Спортскиот клуб „Специјална олимпијада – Битола“ потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува стратешка, долгорочна и одржлива соработка насочена кон развој на спортските активности и инклузијата на лица

Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител

Претседателот на Собранието Африм Гаши апелираше до пратеничките групи да се изнајде политичка волја и во Собранието да се избере народен правобранител. На денешната средба со новинарите тој кажа дека лично ќе

Фото: Бикините на Дуа Липа

Партнер на оваа егзотична дестинација и е момчето Калум Тарнер. На радост на фановите Липа своите следбеници на социјалните мрежи редовно ги информира за дневните активности. Според фотките може да се забележи дека

Ова се напаѓачите кои се опција за Ливерпул место повредениот Исак, на списокот и еден Србин!

ФОТО: FC Liverpool/FB Сега веќе и дефинитивно е јасно дека Ливерпул ќе мора подолго време без повредниот Александер Исак. Па така се наведува дека има седум потенцијални напаѓачи како негова замена кои
Go toTop