Турски диететичар до оние кои постат за Рамазан: Оброкот за сухур е клучен за здрав пост

April 14, 2023
2 mins read

АНКАРА (АА) – Турски експерт денес изјави дека оние кои постат треба да избегнуваат храна со многу масти, сол и шеќер за време на Рамазан, светиот месец во исламскиот календар, за да испостат здраво, јавува Анадолу.

„Со доаѓањето на Рамазан, муслиманскиот свет месец на постот и променливата програма за исхрана, сите се прашуваат што да консумираат за да не се здебелат или да ја задржат својата тежина“, изјави за Анадолу, Мерве Бирбилен, диететичарка во велнес-центар во главниот град Анкара.

„Постот не ве спречува да се храните здраво. Може да го поминете месец Рамазан на здрав начин со тоа што ќе внимавате што консумирате за ифтар и сухур“, рече Бирбилен.

За време на Рамазан, постот започнува по оброкот пред зори, познат како сухур, и завршува со ифтар – на зајдисонце.

„Прекинувањето на постот со вода и урми може да помогне нивото на гликоза во крвта на телото брзо да се врати во нормала“, рече таа.

„Потоа, можете да продолжите со супа која не е премногу мрсна или солена. Би требало да одморите 10 до 15 минути и да преминете на главното јадење“, истакна Бирбилен.

Бирбилен нагласи дека луѓето можат да консумираат извори на протеини како што се месо, пилешко, риба или мешунки или јадења од зеленчук со маслиново масло во главното јадење.

Диететичарката ги повика луѓето за време на Рамазан да се држат настрана од пржена храна со висока содржина на масти, тешки печива, како и десерти со многу шеќери и масти.

„Не заборавајте да имате голема чинија салата на вашата маса за ифтар за да спречите можни дигестивни проблеми“, предупреди таа.

„Оние со дигестивни проблеми треба да обрнат внимание и на консумирање течности и треба да вклучат кашеста храна во нивните оброци“, рече таа.

„Ако е потребно, луѓето можат да јадат закуски 1,5-2 часа по оброкот за ифтар. Како ужина може да се консумира храна како овошје, јаткасти плодови, јогурт и кефир. Може да се претпочитаат и млечни пудинзи еден до два пати неделно“, додаде таа.

Бирбилен исто така истакна дека сталоженото пешачење со лесно темпо 30-45 минути најмалку еден час по ифтарот е значајно за забрзување на метаболизмот.

– Оброкот за сухур клучен за здрав пост –

Таа силно препорача да не се прескокнува сухурот за време на Рамазан, повикувајќи да се избегнува храна богата со масти, солена и слатка.

„Консумирањето многу масна и слатка храна за време на ручекот може да предизвика да се чувствувате гладни многу порано поради брзиот пораст и пад на нивото на шеќер во крвта“, предупреди Бирбилен, додавајќи: „Бидејќи овие видови храна ќе предизвикаат поголема загуба на вода од телото и ќе предизвикаат да бидете повеќе жедни.“

„Наместо да консумираат масни колачи и палачинки за сухур, луѓето може да имаат класична чинија за појадок, палачинки направени од интегрално пченично брашно, овесен омлет или салата составена од булгур пченица/киноа“, рече таа.

„Изворите на протеини како што се јајцата, сирењето, млекото, јогуртот и мрсните семиња како што се оревите и лешниците ќе го зголемат времето на ситост“, додаде Бирбилен.

Рамазан започна на 23 март и ќе трае до 21 април – првиот ден од празникот Еид ал-Фитр што го означува крајот на месецот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360°: Како најскапиот проект во историјата на земјава ќе остане тајна за оние што ќе го платат?

Следно

Русија: Зад конфискацијата на финансиските средства стојат „бандитски“ намери

Latest from Blog

„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка: Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје

Извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен ќе настапат на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, во рамки на дополнителната концертна понуда на „Охридско

Проданоски: Со прилепските компании разговаравме што е потребно за нови инвестиции и работни места

Нова индустриска зона, поефикасно издавање градежни дозволи и забрзување на изградбата на обиколниците „Исток“ и „Запад“ се меѓу предлозите што прилепските стопанственици ги изнесоа на средбата со градоначалникот Дејан Проданоски. Средбата се

Владата на Бернам денеска ќе го претстави договорот со ЕУ во парламентот

Лабуристичката влада на Велика Британија, предводена од премиерот Енди Бернам, денеска во парламентот ќе претстави предлог-закон за транспонирање во националното законодавство на договорот со ЕУ, постигнат во Брисел на 20 ноември, соопшти

Општина Ѓорче Петров исплати 44 јубилејни награди за вработените во училиштата и градинката

Со исплатата се одбележува работниот стаж на вработените, а наградите се наменети за лица кои оствариле јубилеј во текот на работниот ангажман. Од општината посочуваат дека мерката е дел од поддршката за
Go toTop