Турски брод со 3,774 тони хуманитарна помош за Газа пристигна во пристаниште во Египет

April 20, 2024
1 min read

АРИШ (АА) – „Деветтиот брод за добротворни цели“, кој исплови од Туркије кон Газа, вчера пристигна во египетското пристаниште Ариш, каде ќе бидат истоварени околу 3.774 тони хуманитарна помош, известува Анадолу.

Бродот тргна од турското пристаниште во градот Мерсин на 16 април, натоварен со хуманитарна помош која се состои од храна, потребни материјали за бебиња и вреќи за спиење.

Помошта е обезбедена под покровителство на турската Црвена полумесечина.

Бродот со хуманитарна помош пристигна во пристаништето во Египет по патување од 55 часа.

Помошта од пристаништето со шлепери ќе биде префрлена до граничниот премин Рафа, а потоа ќе и биде предадена на палестинската Црвена полумесечина, која директно ќе им ја подели помошта на жителите на Газа.

Амбасадорот на Туркије во Каиро, Мутлу Шен, го пречека бродот во египетското пристаниште.

„Нашиот деветти брод кој пристигна тука го урна рекордот на товар од 3.774 тони. Станува збор за многу голем товар бидејќи бродовите воглавно пренесуваат 30 до 50 тони помош. Туркије навистина е предводник во светот по прашањето за хуманитарна помош. Особено сум благодарен на великодушноста на турскиот народ, но и на турската Црвена полумесечина и Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Туркије“, рече Шен.

Турскиот амбасадор им честиташе на сите кои го дале својот придонес во испраќањето помош за луѓето во Газа.

„Би сакал да посебно да му се заблагодарам на нашиот народ. Тие направија државата Туркије да биде горда. Во контекст на Газа, Туркије е број еден по прашањето на испраќање на хуманитарна помош. Овој брод е најдобар доказ за тоа“, рече Шен.

Амбасадорот Шен истакна дека цел е на најмалку две недели да се испраќа по еден брод со хуманитарна помош во Газа.

„Наша желба е уште повеќе да го зголемиме обемот на помошта, помошта да доаѓа од целиот свет“, рече амбасадорот Шен.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска: Ќе ја почитувам одлуката на Собранието ако го промени Уставот

Следно

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Latest from Blog

Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп

Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули. Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат,

Ново поскапување на горивата: Дизелот од утре 98, бензинот 91,50 денари

Цените на горивата од полноќ повторно се зголемуваат. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек растат за 4,85 отсто во однос на претходната одлука.

Општина Прилеп: 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026

Општина Прилеп со особено задоволство ја поддржува 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026, манифестација која годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор. Колонијата претставува

Шкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!

ФОТО:facebook.com/scotlandnationalteam Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на
Go toTop