Турската разузнавачка служба го неутрализираше локалниот лидер на терористичката ПКК/ЈПГ во Северна Сирија

1 min read

АНКАРА (АА) – Турската Национална разузнавачка агенција (МИТ) го неутрализираше лидерот на терористичката група ПКК/ЈПГ во северниот сириски град Ајн ал-Араб (Кобани), соопштија денес безбедносни извори, известува Анадолу.

Во прекугранична операција Националната разузнавачка агенција го неутрализираше Мутлу Каџар, со кодно име Каркер Андок, главен член на терористичката група во округот Ал-Араб, соопштија извори што сакаа да останат анонимни.

Турските власти го користат изразот „неутрализиран“ со цел да се имплицира дека тие терористи се предале, се убиени или се заробени.

Каџар на терористичката организација ПКК/ЈПГ ѝ се придружил во 1997 година, а во 2009 година учествувал во терористички активности во регионот Хафтанин во Северен Ирак, здобивајќи се со повреда на раката и окото во судирот со безбедносните сили.

Откако дејствувал како самопрогласен лидер на кампот Махмур Рустем Џуди во Северен Ирак во 2013 година, во сирискиот регион Тел Рифат во 2015 година и како т.н. командант на локалните сили во Тел Рифат на ПКК/ЈПГ во 2020 година, претходно оваа година Каџар имал улога на лидер во Ајн ал-Араб на ПКК/ЈПГ.

Во 2022 година заминал во Дерик во североисточна Сирија.

Една година претходно наредил терористички напад врз конвој на турските сили за безбедност што дејствувале на подрачјето на операцијата „Штитот на Еуфрат“ во Северна Сирија, што резултираше со смрт на двајца турски војници на 24 јули 2021 година.

Операцијата во која е неутрализиран Каџар, кој долго бил под надзор на безбедносните сили, следуваше откако МИТ ја откри неговата локација во Сирија.

Од 2016 година досега Туркије изведе низа успешни антитерористички операции преку својата јужна граница по должината на северниот пограничен појас во Сирија за да го спречи формирањето терористички коридор и да овозможи мирно населување на жителите и доброволно враќање на бегалците. Тоа беа операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и во САД.

Во текот на повеќедецениската кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е огранок на терористичката организација ПКК што дејствува во Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Сеул да бира, сака кучиња во чинија или кучиња на улица

Следно

Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Latest from Blog