Турската одбранбена индустрија ќе ја зајакнува пакистанската Армија

November 21, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турската одбранбена индустрија ќе ја зајакнува пакистанската Армија со воспоставување производствени капацитети, со оглед на тоа што сѐ повеќе земји се стремат кон производство на производи од полето на одбраната во домашни рамки, во период на ескалација на конфликтите низ светот, јавува Анадолу.

Турските одбранбени компании се многу барани за нивните сигурни капацитети за дизајн и производство, од кои едната е „Репкон“, со седиште во главниот град на трговијата во Туркије, Истанбул.

„Репкон“ ќе воспостави високо автоматизирана производствена линија за производство на 155-милиметарска артилерија, како и линија за полнење експлозиви во Пакистан со можност за производство на 120.000 единици годишно.

„Репкон“ потпиша договор со американското Министерство за одбрана за воспоставување линии за производство на 155-милиметарски артилериски гранати во Тексас, а компанијата потпиша сличен договор со пакистанската „Вах индустрис лимитед“.

„Репкон“ нуди иновативни решенија во секторот за метали, а фирмата привлекува интерес и во Туркије и во светот со своите производи од полето на стратешката одбрана, воздушната и вселенската индустрија и нејзиниот капацитет за инсталирање производствени линии.

„Вах индустрис лимитед“ работи во рамките на изведувачот на Пакистански фабрики за оружје (POF), кој произведува различно оружје, муниција и воен хардвер за Пакистанските вооружени сили и меѓународните клиенти, бидејќи високите воени стандарди на Пакистан ѝ овозможуваат на земјата да извезува во голем број земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агелер: САД ќе ја дополни црна листа

Следно

Една дневна навика може да направи да изгледате помлади и послаби

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop